Политиката за приватност на www.dnkv.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб продавница. Оваа политика на приватност се однесува само за www.dnkv.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни се: име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

Страната www.dnkv.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на kартичка и/или број на банкарска сметка.

Веб продавницата ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.