Добредојдовте на нашиот Вебсајт

За нас

Фирмата ДНКВ ПЛУС ДООЕЛ е основана во 2012 година како производ на брендот ДНКВ кој од мала велосипедска работилница за поправка на велосипеди и покасно мопеди (1960), пумпи за наводнување, мотори за чамци, прскалки и моторни пили прераснува во една модерна фирма која долги години го застапуваше брендот ТОМОС од Копер кој беше единствена фабрика за овие производи во бивша Југославија.
По раздвојувањето од ДНКВ КОМЕРЦ фирмата ДНКВ ПЛУС го превзема застапиштвото за брендот ОРЕГОН од Америка за дистрибуција и продажба на ланци, мачеви, турпии, масло и сите други производи за шумарство и градинарство.
Истата година склучува договор со фирмата АГРОМАРКЕТ од Србија која е регионален лидер за продажба во областа на шумарство и градинарство и која преку ДНКВ ПЛУС е присутна во Македонија со брендот АГМ.
Во склоп на фирмата работи и дуќан за продажба на авто делови и авто козметика во кој можат да се најдат резервни делови за сите видови патнички возила од реномирани светски произведувачи од Германија, Италија, Шпанија, Франција, Полска, Јапонија и така натаму.
Од брендови застапени во продавницата може да се најдат производи на EXIDE, VARTA, TOTAL SELENIJA, ELF, GM, ORLEN, BOSCH, CONTINENTAL, INA, VALEO, SNR-NTN, SKF, FEBI, SWAG, LUK, VERNET, OSRAM, ATE, NISSENS, BREMBO, TRV, ATE, HENGST, MICHELIN, GOODYEAR, FULDA, SAVA, TIGAR и многу други со поволни цени.
Сите производи може да се нарачат и on-line преку веб страната www.dnkv.mk